Еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата, Џејми Варди, пред седум години можел да заврши во Партизан, открил поранешниот претседател на црно-белите, Драган Ѓуриќ. Се работи за периодот кога тренер на Партизан бил Израелецот Аврам Грант.
„Грант ни кажа да го донесеме Варди, дека повеќекратно ќе нисе исплати тој трансфер. Ние немавме ниту динар, а не пак еден милион евра, колку што бараа од неговиот тогашен клуб Флитвуд. Ние во тоа време немавме ниту генерален спонзор. Тогаш Партизан немаше толку пари колку што има сега“, рекол Ѓуриќ.
Потоа се осврнал и на некои детали.
„Немојте да ве залажува тоа што член на петтата лига (Флитвуд) бараше толку пари. И тогаш Варди беше пеколен играч Гранти ги знаеше сите тие млади играчи по Англија, беше мајстор да открие талент. За жал ние бевме во криза, не можевме тоа да го платиме“.
Варди од Флитвуд се пресели во Лестер, а останатото е историја. Тој беше еден од најзаслужните за титулата што во 2015 година ја освоија „лисиците“.