Малме по четврти пат во последните пет години стана шампион на Шведска, откако се врати од гол негатива за 3:1 победа над Норкепинг.
Со ова Малме, тимот кој Вардар го елиминираше во квалификациите за Лигата на шампионите оваа сезона има 60 поени по 27 натпревари, 10 пред најблиските ривали АИК на три кола пред крајот на шампионатот.
Норкепинг, кои ја освоија титулата во 2015, поведоа во првото полувреме, но Карлос Страндберг, Ласе Нилсен и Андерс Кристијансен ја запечатија победата за Малме. Мечот беше прекинат во финишот кога навивачите на Малме се доближија до теренот, но тренерот Магнус Персон успеа да ги убеди да се повлечат за да се потврди 20. шведска титула на тимот.
SM-guld! pic.twitter.com/qUzyQCmcEE
— Malmö FF ⭐⭐ (@Malmo_FF) October 16, 2017