Златан Ибрахимовиќ станал ко-сопственик на фудбалскиот клуб Хамарби откако купил 50 отсто од кациите на овој шведски клуб.
„Хамарби е голем клуб со одлични навивачи и историја која е за почит. Возбуден сум од можноста да ја продолжам врската со АЕГ со поддршка на еден од најинтересните и највлијателните клубови во Шведска“, рекол Ибрахимовиќ.
Информацијата дека Златан станал еден од сопствениците на Хамарби ги погодила навивачите на Малме. Хамарби и Малме се најголемите спортски ривали.
За навивачите на Малме човекот што неодамна доби споменик во овој град повеќе не постои.
„Златан повеќе ништо не му значи на Малме. Мисли дека ќе бидеме среќни поради она што направи. Не сме среќни. Неговиот споменик повеќе не значи ништо, бидејќи тој сака друг клуб да биде подобар од клубот откаде што потекнува. Тој сега е само фудбалерот што е продаден за 80 милиони круни“, стои во соопштението на навивачите на Малме.
Инаку сезоната во Шведска во која Ѓургарден ја освоија титулата Малме и Хамарби ја завршија со 65 бода на второто односно третото место.