Top Sport

Мамиќ за Модриќ, Ловрен, Ковачиќ: Од бегалци направив милионери

Здравко Мамиќ, нај контроверзната личност на хрватскиот фудбал е лут бидејќи никој не се сетил на него, во моментите кога Хрватска го прослави најголемиот фудбалски успех во историјата. Хрватите, пред една недела, го освоија второто место на Светското првенство. Во финалниот меч Хрватска беше поразена од Франција 2:4.

Осовината на оваа хрватска репрезентација ја сочинуваат играчи што во минатото беа застапувани токму од Мамиќ. Поранешниот претседател на Динамо Загреб вели дека тој е заслужен за нивните кариери бидејќи од „бегалци успеал да направи милионери“.

„Во Динамо сум 48 години. Велеа дека сум најмоќниот човек во хрватскиот фудбал. Меѓутоа, неспорно е дека ова е кулминација на нашиот успех, низ базата што ја создадовме. Па јас деца какви што беа Модриќ, Ловрен, Ковачиќ, Чорлука ги донесов како бегалци од Босна и Хрцеговина. Тоа е факт. Видете јас тие момци ги направив милионери. Им бев како татко. И сега ништо. Сите на некого му искажуваа благодарност, а мене не никој не ме спомнува. Никој не се сети на Шукер и Мамиќ. Морам да бидам искрен и да кажам, владее страв. Не смеат да не спомнат, бидејќи поеднци во тој случај би биле напаѓани и критикувани“, рекол Мамиќ во интевју за „Дневни аваз“.

Мамиќ е осуден на затворска казна од шест и пол години, поради малверзации при продажба на фудбалери. Во моментот кога му беше изречена пресудата тој избега во Босна и Хрцеговина.

Во интервјуто тој рекол и дека му се подготвува киднапирање и истакнал дека не се точни шпекулациите дека тој се подготвува да го смени селекторот на фудбалската репрезентација, Златко Далиќ.

Scroll to Top