Манчестер јунајтед преговараат со Премиерлигата за одложување на мечот против Брентфорд оваа недела, откако клубот мораше да го затвори својот тренинг центар во Керингтон поради повеќе позитивни случаи на КОВИД-19.
Повеќе фудбалери и вработени во клубот беа пратени дома во неделата по ПЦР тестовите, а веќе утре треба да се сретнат со Брентфорд.
„Манчестер јунајтед потврдуваат дека по ПЦР тестовите и позитивните случаи меѓу членовите на тимот и фудбалерите, беше затворен тренинг-комплексот во Керингтон на 24 часа да се минимизира можната инфекција. Тие кои се позитивни ги следат протоколите на Премиерлигата, и здравјето е на прво место. Клубот разговара со Премиерлигата дали е безбедно да се игра утрешниот меч против Брентфорд“, се вели во објавата на Манчестер јунајтед.
An official update following positive COVID-19 tests at the club.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) December 13, 2021