Top Sport

Манчестер Јунајтед би го довел Гризман на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед повторно се интересира за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман. Раководството на „црвените ѓаволи“ сака да го доведе во јануари и да ја искористи ситуацијата во која се наоѓа Гризман, со непотполна минутажа во редовите на Атлетико Мадрид.

Гризман е фудбалер на Барселона кој игра во Атлетико како позајмен фудбалер. Во неговиот договор има клаузула според која Французинот мора да биде откупен на крајот од сезоната за 40 милиони евра доколку одигра 50% од натпреварите, најмалку 45 минути.

Атлетико Мадрид најде „дупка“ во договорот и затоа Диего Симеоне оваа сезона му дава околу 30 минути на секој натпревар.

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Барселона, а и самиот Гризман сака повторно да се врати на големата сцена и да игра фудбал неоптоварен од минутажата.

Scroll to Top