Top Sport

Адеми избран во тимот на колото во Хрватска

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се најде во најдобриот тим од 10.коло во првенството на Хрватска. Тој постигна погодок во триумфот на Динамо Загреб (1-2) против Локомотива.

Македонскиот репрезентативец доби оценка 7,9, а подобро оценети од него се Селахи од Ријека (8,1) и голманот Рогиќ од Шибеник (8,6).

Адеми се приклучи на националниот тим на Македонија, во пресрет на натпреварите од Лигата на нации против Грузија и против Бугарија.

Scroll to Top