Top Sport

Манчестер јунајтед доби нов Руни!

Каи Руни, 11-годишниот син на легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни доби договор со „ѓаволите“ во обид да ги следи стапките на неговиот татко, кој е рекорден стрелец на славниот англиски клуб.

Со мајка му Колин и татко му Вејн, Каи насмеан го потпиша договорот, а Вејн се пофали: „Горд на мојот син Каи. Продолжи со работата сине“.

11-годишниот Каи е првородениот син на Руни, а двојката има уште три сина: седумгодишниот Клеј, четиригодишниот Кит и двегодишниот Кес.

Вејн Руни дојде во Јунајтед од Евертон во 2004 година и остана на „Олд Трафорд“ до 2017, освојувајќи пет титули од Премиер лигата, еден од ФА купот, еден од Лигата на шампионите и еден од Лига Европа со клубот за кој постигна 253 гола.

Scroll to Top