Top Sport

Манчестер Јунајтед ги претстави новите дресови, а хит е Кристијано Роналдо

Манчестер Јунајтед денеска го претстави новиот дрес за следната сезона. Хит е фотографијата на Кристијано Роналдо кој воопшто не делува среќен.

„Црвените ѓаволи“ доцнеа со претставувањето на новиот дрес бидејќи тоа најчесто го правеа на самиот крај од сезоната. Сепак, Јунајтед денеска и официјално објави како ќе изгледаат дресовите за новата сезона, подготвени од нивниот спонзор „Адидас“.

Дизајнот е доста интересен и „ретро“, но на навивачите најинтересен им беше фактот што во него позираше Кристијано Роналдо, кој е на излезната врата од Манчестер Јунајтед.

Навивачите на Јунајтед одат дотаму и веќе заклучија дека на лицето на Роналдо се гледа колку многу сака да го напушти клубот, а за тоа бил свесен и кога се фотографирал во новиот дрес.

Scroll to Top