Top Sport

Чиле на пенали ја победи Колумбија (Видео)

Чиле на пенали ја совлада Колумбија и избори пласман во полу-финалето на Копа Америка 2019. Победниците на последните две изданија на Копа Америка славеа со 5:4, откако во регуларниот тек немаше голови.

Чилеанците имаа среќа и во пенал-рулетот ја наплатија својата подобра игра во четврт-финалето против Колумбоја.

Бранителите на трофејот во 90 минути постигнаа два гола, но и двата беа оправдано поништени откако Нестор Питана ја користеше помошта на ВАР-технологијата.

ВАР го поништи голот на Арангуиз во 17 минута поради офсајд, а во 71 минута еден од Чилеанците играше со рака поради што и тој гол беше поништен.

Трагичар во пенал-рулетот беше Колумбиецот Тесиљо кој не успеа да постигне гол, а потоа Алексис Санчез ги однесе Чилеанците во полу-финалето.

Претходно за Чиле погодија Видал, Варгас, Пулгар и Арангуиз, а за Колумбија Џејмс Родригез, Кардоне, Куардадо и Мина.

Во полу-финалето Чиле ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Уругвај и Перу.

Scroll to Top