Top Sport

Манчестер Јунајтед го купува Лисандро Мартинез од Ајакс

Манчестер Јунајтед успеа да го договори трансферот на Лисандро Мартинез од Ајакс. „Црвените ѓаволи“ за неговата преселба на „Олд Трафорд“ ќе платат 42,5 милиони фунти, плус бонуси, со што вкупната сума за Аргентинецот ќе достигне до 46 милиони фунти.

Интерес за Лисандро имаше и од Арсенал, но фудбалерот сакаше повторно да соработува со Ерик тен Хаг. Тој ќе биде второто засилување за Манчестер Јунајтед ова лето по Тајрел Маласија. Наскоро се очекува клубот да го потврди и договорот на Кристијан Ериксен од Брентфорд.

Ајакс брзо најде замена за Мартинез. Тоа ќе биде дефанзивецот на Шахтјор Доњецк, Микола Матвиенко.

Scroll to Top