Top Sport

Фламенго го претстави Артуро Видал како големо засилување

Чилеанскиот ас Артуро Видал е нов фудбалер на бразилскиот гигант Фламенго од Рио де Жанеиро. Тој по долги 15 години европска авантура се врати во Јужна Америка и тоа во еден од најголемите клубови на тој континент.

Видал синоќа беше претставен како големо засилување за Фламенго.

Тој кариерата ја почна во чилеанскиот Коло Коло, каде беше забележан од скаутите на Баер Леверкузен и замина во Бундеслигата. Потоа ги носеше дресовите на Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и на Интер.

Во својата кариера освои пет титули во Серија А, три во Бундеслигата и една во Ла Лига. Со Јувентус играше и во финалето на Лигата на шампионите каде беше поразен од Барселона. Со репрезентацијата на Чиле го постигна најголемиот успех во нејзината историја, освојувајќи две последовни титули на Копа Америка.

Scroll to Top