Манчестер јунајтед поднеле официјална поставка пред британската Независна организација за стандарди во печатот (ИПСО), обвинувајќи го таблоидот „Сан“ дека предвреме имале информации за нападот на домот на извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд минатиот месец.
Група на хулигани на 28 јануари се појавија пред куќата на Вудворд во Чешајр, фрлајќи факли кон куќата и вандализирајќи ја околината. Тие поставија видео на социјалните мрежи со порака: „Ед Вудворд ќе умре“.
Клубот смета дека весникот „Сан“ добил предупредување за нападот, и обвинуваат еден нивни новинар дека бил присутен додека се случувал инцидентот.
„Квалитетот на фотографиите со статијата јасно покажуваат дека таму имало и фотограф. Новинарот не само што не ги почитувал основните правила на општественото живеење со пријавување на криминал, туку неговото присуство ги охрабрувало напаѓачите. Веруваме дека ова прекршување на новинарската етика“, се вели во соопштението на клубот.
Вудворд, кој беше под критика за слабите засилувања на тимот во последно време, за среќа не бил во домот, ниту членови на неговото семејство.