Top Sport

Тинејџерка од Јапонија постави светски рекорд

Младата Јапонка, Рика Кихира, на Гран-прито во Ванкувер, постави нов светски рекорд во кратката програма, во уметничко лизгање. Кихира води во кратката програма со 82.51 поен што е нов светски рекорд.

Тинејџерката, која има 16-години, со својот настап ги воодушевила судиите, а самата била изненадена од високите оценки.

foto: epa

Претходниот рекорд бил во сопственост на Алина Загитова. Таа на Олимписките игри во Пјонгчанг освоила 80.78 поени. На натпреварот во Ванкувер, Загитова се наоѓа на второто месо со 77.93 поени.

Слободната програма на Гран-прито во Ванкувер ќе се одржи на 9.декември.

Scroll to Top