Top Sport

Манчестер јунајтед го суспендираа Гринвуд, полицијата потврди истрага

Манчестер јунајтед ја суспендираше својата ѕвезда Мејсон Гринвуд, додека полицијата во Манчестер најави истрага по обвиненијата дека ја нападнал својата девојка Хериет Робсон, која утринава сподели вознемирувачки фотографии и аудио-снимка од нападот од 20-годишниот фудбалер.

„Мејсон Гринвуд нема да тренира, ниту да игра мечеви во наредниот рок“, потврдија  „ѓаволите“.

Полицијата го посети домот на Робсон, откако таа сподели видео на Инстаграм со исеченица на усната и со модринки на нозете, со порака: „Ова е тоа што ми го прави Мејсон Гринвуд“. 20-годишната манекенка потоа објави и аудио-снимка во која се расправа со човек кој и се заканува со напад.

Робсон и Гринвуд се од градчето Визби покрај Бредфорд, и се познаваат од своите средношколски денови.

Девојката го обвини Мејсон Гринвуд дека ја претепал

Scroll to Top