Top Sport

Ѓоковиќ се јави првпат по австралиската сага и му честиташе на Рафаел Надал

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се јави на социјалните мрежи со честитка за Рафаел Надал, откако Шпанецот ја освои титулата од Австралија опен и така го помина со својата 21. гренд слем титула.

Надал по голема борба по повеќе од 5 часа на терените во Мелбурн, го победи Данил Медведев за да ги помине Ѓоковиќ и Роџер Федерер по бројот на гренд слем титули. Голем број на фанови на Ѓоковиќ сметаат дека титулата отиде кај него само бидејќи на Србинот не му беше дозволен влез во Австралија по долгата сага на почетокот на месецот, но Ѓоковиќ покажа само респект кон ривалот.

„Честитки до Рафаел Надал за неговата 21 гренд слем титула. Неверојатно остварување. Секогаш импресивен борбен дух кој надмина уште еднаш. Enhorabuena. Медведев даде максимум и играше со страста и посветеноста која веќе ја очекуваме од него“, напиша Федерер.

Scroll to Top