Top Sport

Манчестер Јунајтед го тргна ликот на Роналдо од „Олд Трафорд“

Кристијано Роналдо веќе не е икона на Манчестер Јунајтед. Англискиот премиерлигаш по скандалозното интервју со Пирс Морган, одлучи да го тргне ликот на Португалецот од „Олд Трафорд“.

На интернет се појави видео-снимка како работници го тргаат постерот на Роналдо од стадионот. Ова се толкува и како дефинитивна одлука на клубот да ја прекине соработката со Роналдо.

Португалската ѕвезда во првиот дел од интервјуто со Пирс Морган откри дека е изневерен од Манчестер Јунајтед и посочи дека нема почит кон менаџерот Ерик тен Хаг. Следниот дел од интервјуто треба да се појави во јавноста во текот на оваа вечер.

 

Scroll to Top