Top Sport

Фенербахче сака да го откупи Алиоски од Ал-Ахли

Турскиот гигант Фенербахче одлучи да го откупи договорот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски. На крајот од сезоната раководството на клубот ќе му понуди 2,5 милиони евра на Ал-Ахли, со надеж дека ќе успее да го добие Алиоски во комплетна сопственост.

Алиоски досега одигра 17 натпревари за Фенербахче. постигна еден гол и запиша две асистенции.

Оваа сезона Езгјан Алиоски игра како позајмен играч од Ал-Ахли.

Scroll to Top