Манчестер јунајтед и официјално му го раскинаа договорот на Кристијано Роналдо по неговото „експлозивно“ интервју кај Пирс Морган, во кое тој влезе во остар напад на газдите, менаџерот Ерик Тен Хаг и поранешните фудбалери на клубот.
„Кристијано Роналдо си заминува од Манчестер јунајтед по взаемен договор. Клубот му се заблагодарува за неговите огромни постигнувања во двата периоди во кои беше на ‘Олд Трафорд’“, се вели во објавата на клубот.
„Ѓаволите“ претходно објавија дека почнуваат со дисциплинска постапка против Португалецот, и дека нема дда коментираат додека не се донесе конечна одлука.
Самиот Роналдо се јави преку социјалните мрежи.
„По разговорите со Манчестер јунајтед, заеднички се договоривме да го завршиме договорот. Го сакам Манчестер јунајте и фановите и тоа никогаш нема да се смени. Чувствувам дека е вистинско време за нов предизвик. Им посакувам се најдобро на Манчестер јунајтед“, вели Роналдо.
Cristiano Ronaldo is to leave Manchester United by mutual agreement, with immediate effect.
The club thanks him for his immense contribution across two spells at Old Trafford.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) November 22, 2022