Top Sport

Легендата Мемо Очоа му одбрани пенал на Левандовски, Мексико спаси реми

По фантастичните возбуди на првиот меч од денешната програма на СП во Катар, кога Саудиска Арабија ја шокираше Аргентина, на втор меч во низа не видовме голови, откако Мексико и Полска одиграа 0:0 во вториот меч од групата Ц, резултат кој им одговара на Аргентинците.

Херој на Мексиканците секако беше нивниот легендарен голман, 37-годишниот Гијермо Очоа, кој по петти пат настапува на Мундијалите, откако во 58. минута го одбрани пеналот на Роберт Левандовски, кој пак, уште го брка својот прв мундијалски гол.

Во второто коло, Мексико и Очоа ќе се судрат со Аргентинците, додека Полска ќе брка победа против Саудиска Арабија.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top