Top Sport

Манчестер јунајтед испрати понуда за соиграчот на Елмас

Манчестер Јунајтед, во летниот преоден рок, ќе се обиде да го продаде Хари Мегваер. На неговото место тренерот Ерик тен Хаг сака да го види играчот на Наполи, Ким Мин-јае.

Јужнокорејскиот дефанзивец одигра важна улога во освојувањето на овогодинешната титула во Серија А, а според пишувањата на медиумите, неговата откупна клаузула изнесува 45 милиони евра.

Поранешниот играч на Фенербахче минатото лето дојде во Наполи како замена за Калиду Кулибали, кој се пресели во Челзи. Јунајтед има големи проблеми во централниот дел одбраната, поради повреди сезоната ја завршија Рафаел Варан и Лисандро Мартинез.

Ким моментално е еден од најдобрите стопери во светот и прашање е дали Наполи ќе сака да го продаде.

Scroll to Top