Top Sport

Сампдорија испадна од Серија А, веројатно ќе биде исфрлена во Серија Д

Сампдорија, вчера официјално испадна од Серија А. Клубот од „Мараси“, на четири кола до крајот на сезоната има 13 бода помалку од од Верона, која се наоѓа во безбедната зона.

Сампдорија по 11 години ја напушта Серија А. Кошмарната сезона за шампионот од сезоната 1990/91 заврши, но како што пишуваат италијанските медиуми испаѓањето не е најлошото што може да му се случи на клубот.

Контроверзниот сопственик,Масимо Фереро, одбива да го продаде клубот иако има огромни финансиски проблеми. Платите доцнат, а италијанските власти, даночните инспекторати и самата Серија А се подготвени брутално да го казнат клубот.

На Фереро постојано му се закануваат навивачите, се обидоа да го заплашат за да го продаде клубот, но не успеаја. Доколку конечно не попушти и не го продаде тимот или не направи нешто за да собере пари и да ги врати долговите, италијанските медиуми тврдат дека Сампдорија ќе биде исфрлена во Серија Д.

Ова е четврта лига во Италија, полупрофесионална, а не ретко се случува гиганти во финансиски проблеми да завршат во ова ниво од натпреварувањето.

Scroll to Top