Top Sport

Манчестер јунајтед ќе тргнат по Роберто Манчини

Ралф Рагник се уште не дебитира како менаџер на Манчестер јунајтед. Тој е донесен како привремено решение, до крајот на сезоната, а потоа ќе биде консултант во наредните две години.

На „Олд Трафорд“ ги прават сите можно комбинации околу новиот менаџер. „Телеграф“ тврди дека од јуни, менаџер на „црвените ѓаволи“ ќе биде Роберто Манчини. Јунајтед ќе ја чека разврската во баражот за пласман на Мундијалот во Катар. Доколку Италија не успеа да се пласира на Светското првенство, тогаш од наредното лето ќе седне на клупата на Јунајтед.

Манчини во 2012 година ја освои Премиер лигата со Манчестер сити.

Покрај Манчини, со Манчестер јунајтед се поврзуваат Маурисо Покетино, Брендан Роџерс и Ерик тен Хаг.

Scroll to Top