Top Sport

Манчестер јунајтед не се откажува од трансферот на Де Јонг

Манчестер јунајтед не се откажува од Френки де Јонг, пишува специјализираниот фудбалски портал „Goal.com“. Холанѓанецот е прв пик на новиот тренер Ерик тен Хаг. Новиот менаџер на Јунајтед сака да ја обнови успешната соработка која ја имаше со Де Јонг во Ајакс.

Извори за порталот велат дека „ѕвездите ќе мора да се наредат“ за да биде комплетиран трансферот за кој Барселона бара околу 60 милиони евра.

Де Јонг е еден од петмината нови играчи кои Хаг би сакал да ги има во клубот.

Холанѓанецот е заинтересиран Калвин Филипс од Лидс, додека Деклан Рајс од Вест Хем треба да биде долгорочно решение. Но, Јунајтед не планира да му плати на лондонскиот клуб 180 милиони евра.

Порталот пишува и дека Тен Хаг е сериозно заинтересиран за мотор на Челси, Н’Гола Канте со Челзи. Францускиот репрезентативец се вклопува во фудбалската филозофија на Тен Хаг, но проблем се во повредите поради што тој пропушти голем број натпревари минатата сезона, како и неговите години. Канте наполни 31 година.

Целта на Јунајтед е во тимот да пристигне и напаѓач. Заинтересирани се за Уругваецот Дарвин Нуњез од Бенфика.

Слично како и кај Деклан Рајс, обесштетувањето може да претставува голем проблем, Според медиумите, Бенфика за напаѓачот бара 100 милиони евра.

Scroll to Top