Top Sport

Манчестер јунајтед нема да трошат колку минатото лето

Манчестер јунајтед се „пред планот“ со своите засилувања под новиот менаџер Ерик Тен Хаг и нема да трошат идентични суми во следните преодни рокови, вели директорот за фудбал на клубот, Џон Мурто.

Јунајтед потроши 225 милиони фунти на шест нови играчи ова лето – Лисандро Мартинез, Антони, Кристијан Ериксен, Тајрел Маласија, Касемиро и Мартин Дубравка, нешто што Мурто вели дека било „неопходно“ по шестото место на табелата минатата сезона и заминувањето на дел од играчите.

„Во текот на летото направивме значително инвестирање во првиот состав со постојано додавање на пет редовни првотимци, вклучувајќи баланс на искусни интернационалци и млади таленти. Исто така имаше повеќе заминувања, и беше клучно да се освежи тимот по разочарувачката 2021/22. Ќе продолжиме да го поддржуваме Ерик со вистински квалитетни фудбалери, но инвестициите мора да бидат во рамките на финансиската одржливост. Не очеуваме исто ниво на активност во следните преодни рокови, и секогаш фокусот е на летниот преоден рок. Најважното засилување беше ангажирањето на Ерик Тен Хаг како менаџер, откако тој беше најсилниот кандидат поради неговото искуство, посветеност на активен напаѓачки фудбал и визија и амбиција. Во првите четири месеци видовме единство, фокус и желба во тимот“, вели Мурто.

Scroll to Top