Top Sport

Галијани: Да не ја сакаше музиката, жените и ладното пиво, Роналдињо ќе играше до својата 60-та година

Директорот на Монца, Адријано Галијани, во интервју за „Ла газета дело спорт“ се потсети на неговото крајно успешно водење на Милан, со кои освои 29 трофеи, посебно осврнувајќи се на бразилските ѕвезди во тимот, поточно Роналдињо.

Роналдињо имаше 26 гола во 95 меча за „росонерите“, освојувајќи ја титулата во Серија А во 2010/11, но Галијани вели дека животниот стил го спречил да оствари повеќе во фудбалот.

„Ќе го истепам! Беше навистина забавно да се гледаат Роналдињо и Роналдо како тренираат на Миланело. Му се лутам на Роналдињо само за една работа – беше толку голем бонвиван, како многу Бразилци. Да не ја сакаше музиката, жените и ладното пиво, ќе играше до својата 60-та година. Истото важи и за Роналдо феноменот, Адријано, но дури и Ривалдо. Класата на Роналдињо беше неверојатна. Да се фокусирани Бразилците како европејците, ќе ги имаа освоено сите светски првенства, вака имаат само пет“, вели Галијани.

Scroll to Top