Top Sport

Манчестер јунајтед немаат конкуренција за Деклан Рајс

Манчестер јунајтед нема да имаат ривали во обидот да го добијат потписот на фудбалерот од средниот ред на Вест хем јунајтед, Деклан Рајс, бидејќи Манчестер сити, Челси и Ливерпул нема да влезат во трката за фудбалерот вреден 100 милиони фунти, тври „ЕСПН“.

23-годишниот Рајс подолго време е поврзуван со трансфер во Јунајтед по одличната форма за „чеканите“ и за англиската репрезентација, и сега само треба да го убедат да биде лидер на новиот проект на „Олд Трафорд“, и според „ЕСПН“ човек кој би можел да биде „модерна верзија“ на Пол Инс.

Сепак, Рајс има уште две години од договорот со Вест хем, кои исто така имаат опција да го продолжат на уште една сезона. Останува да се види дали новиот предизвик би му одговарал на Англичанецот, кој исто така би добил и значително повисока плата од 62.000 фунти неделно кои ги добива во сегашниот клуб.

Scroll to Top