Интересот на Манчестер Јунајтед за француските интернационалци не завршува со Маркус Турам од Борусија Менхенгладбах. Според влијателниот „Л’Екип“, англискиот клуб размислува да достави понуда од 60 милиони евра за Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.
Напаѓачот на „орлите“ се најде на насловните страници за време на Светското првенство, каде лошата среќа го спречи да ја донесе титулата за „триколорите“ кога излезе сам против Емилијано Мартинез во последните секунди од регуларниот тек од мечот, но голманот на Аргентина го одбрани неговиот удар.
Доколку се постигне таков договор со Манчестер Јунајтед, Ајнтрахт ќе има голема добивка бидејќи минатото лето го потпиша како слободен агент.