Њукасл го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 на „Сент Џејмс Парк“ и се искачи на третата позиција на табелата во Премиерлигата. Тимот на Еди Хау има 50 бода, исто колку и „ѓаволите“, но и подобра гол-разлика.
Составот на Ерик Тен Хаг не може да се снајде на гостувањата против екипите од врвот на табелата. Така беше и денеска.
Џо Вилок во 65.минута ја затресе мрежата на Де Хеа, а во финишот и Калум Вилсон со удар со глава погоди на вистинското место.
Тотенхем е на петтата позиција со бод помалку од Њукасл и од Манчестер Јунајтед, но и еден одигран натпревар повеќе.