Top Sport

Монако со пресврт до триумф против Стразбур

Монако ја оствари 17. победа во францускиот шампионат оваа сезона откако со пресврт го совлада Стразбур со 4:3. „Кнезовите“ се наоѓаат на четвртата позиција и претендираат за пласман во Лигата на шампионите.

Вандерсон го доведе Монако во водство во 19.минута, но израмни Мотиба, а Марипан си постигна автогол по што Стразбур замина на одмор со предност.

Сепак, Монако со головите на Бен Сегир, Диоп и Фофана направи пресврт. До крајот, Дијало постигна трет гол за Стразбур, но гостите не избегнаа пораз.

 

Scroll to Top