Top Sport

Манчестер јунајтед пак „тргнуваат“ по големиот фан Кулушевски

Манчестер јунајтед повторно се заинтересирани за Дејан Кулушевски од Јувентус, тврдат од „Калчомеркато“, иако „бјанконерите“ тврдат дека не се заинтересирани за зделка за младиот Швеѓанец.

20-годишниот Кулушевски беше поврзуван со трансфер на „Олд Трафорд“ пред од Аталанта да потпише со Јувентус за 35 милиони евра во јануари 2020 година. Тој имаше тешка адаптација во тимот на Андреа Пирло, со само три гола во 15 старта во Серија А, но неговиот талент е неоспорен.

Во Јуве, Кулушевски игра како втор напаѓач и десно крило, и во клубот се надеваат дека со помош на Кристијано Роналдо ќе добие на искуство. Од друга страна, тој влегува во профилот на фудбалери какви што ги сака Оле Гунар Солскјер – млади со голем потенцијал.

Минатата година, Кулушевски призна дека го носел бројот 44 во Парма во чест на поранешното крило на Манчестер јунајтед, Аднан Јанузај.

„Бев во Шведска да ги гледам Манчестер јунајтед и тогаш дебитираше Јанузај. Влезе на теренот со фантастичен карактер. Му кажав на мојот татко дека сакам да бидам таков, да играм на таков начин. Се приврзав со тој број“, изјави Кулушевски во мај 2020.

Scroll to Top