Манчестер Јунајтед се насочи кон младиот талент на Бенфика, Жоао Невеш. 18-годишниот централен играч за врска покажува сериозен потенцијал за иднината и тоа не остана незабележано од скаутите на „црвените ѓаволи“.
Сепак, Манчестер Јунајтед не е единствениот кандидат за потписот на Невеш. Тој им „влезе во око“ и на Челси, Баерн Минхен и на Вулверхемптон, кои исто така се подготвени да се приклучат во битката за неговиот потпис.
Невеш е производ на академијата на Бенфика и минатата сезона се проби во првиот тим. За лисабонските „орли“ забележа 20 настапи, постигнувајќи еден гол и една асистенција.