Голот на Скот Мектоминеј, со кој Манчестер јунајтед поведе против Норич сити (и на крајот стигна до 3:1 победа) беше 2.000 гол на „ѓаволите“ во Премиер лигата, и тие се првиот тим кој стигнува до оваа цифрла.
Ова беше четврти гол во кариерата на 22-годишниот фудбалер кој е „продукт“ на академијата на „Олд Трафорд“, иако пред него другите со „важни“ голови се позвучни имиња. Првиот гол во Премиер лигата го постигна Марк Хјуз во август 1992 година, по што Велшанецот имаше 345 настапи за клубот и 120 гола. Енди Кол беше стрелец на голот број 500 во февруари 1999 година (еден од неговите 93 за клубот), сезона во која ја освоија тројната круна, додека голот број 1.500 беше дело на тогаш 20-годишниот Кристијано Роналдо во 2005 година. Димитар Бербатов имаше чест да го постигне 1.500 гол.
Јубилеј имаше и Маркус Рашфорд, кој го постигна својот 50. гол во дресот на „ѓаволите“.
На второто место на вечната листа се Арсенал (1.860 гола), пред Ливерпул (1.795 гола) и Челси (1.793 гола).
A place in the #MUFC record books belongs to @McTominay10!
He spoke to #MUTV after today’s win ⬇️ pic.twitter.com/7BGR6157cY
— Manchester United (@ManUtd) October 27, 2019