Српскиот напаѓач Александар Митровиќ го игра најдобриот фудбал во кариерата. Стручњаците се сомневаа дека нема да може да ја повтори сезоната од Чемпионшип во Премиерлигата, но тој ги демантираше и го предводи Фулам кон горната половина од табелата.
Има понуди Митровиќ да се пресели во поголем клуб, а англиските медиуми пренесуваат дека се работи за еден од најголемите во Европа.
Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач во јануари и изборот паднал токму на Александар Митровиќ.
„Ѓаволите“ бараат замена за Кристијано Роналдо, а не успеаја да победат и во трката за Коди Гакпо кој потпиша за Ливерпул.
Српскиот напаѓач постигна десет гола на 13 натпревари во Премиерлигата, а запиша и две асистенции.