Top Sport

Реал Мадрид до Милан: Немате ниту евро, а го сакате Модриќ

Милан наводно биле заинтересирани за услугите на 33 годишниот Лука Модриќ. Во Милано сметале дека големото пријателство помеѓу Модриќ и нивниот спортски директор Звонимир Бобан можат да го искористат за да го убедат носителот на „Златната топка“ да се пресели во Серија А.

„Марка“, во средата, објави дека Модриќ нема намера да замине од Реал.

„Лука Модриќ им е привлечен на многу клубови, а последени што тропнале на врата на Реал биле од Милан. Сепак тој не размислува да замине од Реал, иако неговиот менаџер добил многу понуди“, пишува „Марка“.
Во истиот текст неименуван челник на Реал рекол дека: „Милан немат ниту едно евро, а сакаат да го купат Модриќ“.

Според него интересот на Милан е сличен како оној на Интер минатото лето. Интер тогаш не испратиле официјална понуда за хрватскиот репрезентативец.

Scroll to Top