Top Sport

Манчестер сити до тешка победа кај Вулверхемптон за старт на сезоната

Манчестер сити со победа ја отвори новата сезона во Премиер лигата, откако на тешкото гостување на Вулверхемптон, стигна до 3:1 триумф.

Првото полувреме припадна на гостите, откако Кевин де Брујне во 20-тата минута постигна гол од пенал, за 12 минути подоцна, Фил Фоден, младиот фудбалер кој се најде во скандал со пријателот од Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд со исландските девојки во нивиот хотел, зголеми на 2:0 по одличната акција започната од Де Брујне.

Да не биде толку едноставно, се погрижи Раул Хименез, кој во 78. минута намали на 1:2, но „волците“ не успеаја да дојдат до израмнување, а наместо тоа, Габриел Жесус во 95. минута ги постави конечните 1:3.

Scroll to Top