Манчестер сити со 1:0 го совлада Брајтон на „Етихад“ за да се доближи на само четири поени од лидерот Манчестер јунајтед со натпревар помалку, најавувајќи дека многумина заборавија на нив како на кандидати за титулата во Премиер лигата.
Младата ѕвезда на Пеп Гвардиола, Фил Фоден го постигна единствениот гол на мечот во 44. минута, по што „граѓаните“ пропуштија повеќе шанси да го зголемат водството, пред во 91. минута да добијат пенал, кој Рахим Стерлинг го исфрли над голот.
Манчестер јунајтед е на првото место на табелата во Англија со 36 поени, пред дербито со Ливерпул, кои се втори со 34, а Сити имаат 32, колку што имаат зад нив и Лестер и Евертон. Брајтон се 17-тото место со 14 поени, само три над зоната за испаѓање.
Raheem Sterling penalty miss against Brighton 90+2' pic.twitter.com/Nw9YEIiK0i
— . (@blancoblackz) January 13, 2021