Манчестер сити му даде вистинска лекција за елитен фудбал на третолигашот Бартон, победувајќи го со неверојатни 9:0 во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп.
Иако се очекуваше дека актуелниот англиски шампион ќе има лесна задача против клубот кој лани испадна од втората лига, вакво „бомбардирање“ на голот на противникот никој не очекуваше.
Сити уште во првите 37 минути од мечот постигна четири гола – два преку Габриел Жесус, еден преку Кевин де Бројне и еден прекрасен гол на Андриј Зинченко. Во второто полувреме, Жесус даде уште два гола, а во листата на стрелците се запишаа и Фил Фоден, Кајл Вокер и Ријад Марез.
Во второто полуфинале на Лига купот, вчера Тотенхем во првиот меч со 1:0 го победи тимот на Челси.
Фото: ЕПА