Ајмерик Лапорт потпиша двегодишно продолжување на договорот со Манчестер сити, со кое ќе остане на „Етихад“ до 2025 година. Бекот дојде во Англија од Атлетик Билбао во јануари 2018 година како еден од најскапите одбранбени фудбалери на светот, и оттогаш е незаменлив дел од тимот на Пеп Гвардиола.
„Пресреќен сум што можам да се обврзам со Манчестер сити. Од моментот кога дојдов тука, се чувствувам добредојден од Пеп и од сите фудбалери. Овој клуб ми нуди сѐ што е потребно да станам подобар фудбалер. Сакам да освојувам титули со клубот“, вели Лапорт.
24-годишниот Лапорт дојде за сума од 57 милиони фунти. Директорот на фудбал на Сити, Чики Бегиристаин вели дека веднаш се забележал талентот на Французинот, кој иронично, не го викаат во репрезентацијата.
„Ајмерик е огромен талент и ова е момент за прослава за нас. Кога дојде тука знаевме дека е фудбалер со исклучителен потенцијал, но подобрувањето на формата во овие 12 месеци беше исклучително“, вели Бегиристаин.
Фото: ЕПА
— Manchester City (@ManCity) February 22, 2019