Крилниот напаѓач на Барселона Рафиња го привлече вниманието на Манчестер Сити. Клубот од „Етихад“ се насочи Бразилецот како можна замена за Ријад Марез, кој е пред трансфер во Саудиска Арабија.
На Пеп Гвардиола му се допаѓаат квалитетите на Рафиња уште од периодот кога го носеше дресот на Лидс. Тој смета дека играчот одлично ќе се вклопи во шемата на „граѓаните“, можејќи да биде искористен на неколку позиции во нападот.
Друга позитивна работа е тоа што има искуство во Премиерлигата и нема да има потреба да се прилагодува.
Рафиња минатата сезона одигра 50 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 голови и 12 асистенции. Тој исто така има 16 натпревари и 5 гола за репрезентацијата на Бразил.