18-годишното крило се смета за еден од најталентираните српски фудбалери, и „граѓаните“ би платиле дури 6 милиони фунти за неговиот трансфер, откако тој беше поврзуван со повеќе европски клубови во текот на летото, вклучувајќи го и градскиот ривал на Сити, Манчестер јунајтед.
Стевановиќ ја игра веќе третата професионална сезона и најверојатно би останал во Партизан до крајот на сезоната 2020/21.