Top Sport

Манчестер сити ја заврши работата во првото полувреме (видео)

Манчестер сити се пласираше во осминафиналето на ЕФЛ Лига купот, откако на гостувањето кај Престон со три гола во првото полувреме стигна до 3:0 триумф.

Рахим Стерлинг во 19. минута, Габриел Жесус во 35. минута и несреќниот Рајан Ледсон со автогол во 42. минута донесоа водство по кое Пеп Гвардиола можеше мирно да го проследи финишот на мечот.

Проблеми немаа ниту Лестер, кои со 4:0 го победија Лутон, Саутемптон, кои со идентични 4:0 славеа кај Портсмаут, како и Евертон, кои со 2:0 го победија Шефилд венсдеј.

Тотенхем пак, по регуларните 90 минути имаше само 0:0 на гостувањето кај Колчестер по што следуваше изведување на пенали.

ЕФЛ КУП, 1/16 ФИНАЛЕ

Колчестер – Тотенхем 0:0

Краули – Стоук 1:1

Лутон – Лестер 0:4

Портсмаут – Саутемптон 0:4

Престон – Манчестер сити 0:3

Шефилд венсдеј – Евертон 0:2

Ватфорд – Свонси 2:1

Scroll to Top