Top Sport

Манчестер сити ќе го откупи Родри од Атлетико Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родри побарал да замине од клубот, а Манчестер сити се подготвени да ја платат откупната клаузула од 70 милиони евра за негов трансфер, јавува „ЕСПН“.

22-годишниот Родри е еден од повеќето фудбалери кои ќе си заминат од „Ванда метрополитано“ ова лето, по крајот на договорите на Диего Годин и Хуанфран, и најавата на Антоан Гризман дека следната сезона ќе игра во друг клуб. Шпекулациите го поврзуваат и голманот Јан Облак со Манчестер јунајтед поради „неисполнетите ветувања“ дека и следната сезона клубот ќе има силен состав.

Баерн Минхен исто така беа заинтересирани за потписот на Родри, но Пеп Гвардиола е посветен да го добие Шпанецот како долгорочна замена за Фернандињо. Атлетико пак, би можеле да го земат Маркос Љоренте од Реал Мадрид како замена за Родри.

Scroll to Top