Top Sport

Манчестер Сити ќе го „утеши“ Гвардиола со трансферите на Ерлинг Халанд и Френки де Јонг

Манчестер Сити нема лесно да се опорави од елиминацијата во Лигата на шампионите, но раководството на „граѓаните“ ќе се обиде да го утеши Пеп Гвардиола. На лето на „Етихад“ треба да пристигнат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд и Френки де Јонг од Барселона, фудбалерите кои шпанскиот стратег ги одреди како најголеми желби во летниот преоден рок.

Манчестер Сити е подготвен плати преку 200 милиони евра за овие дваја фудбалери и да го засили тимот уште повеќе за следната сезона. Веќе е договорен трансферот на напаѓачот Хулијан Алварез од Ривер Плата.

„Граѓаните“ ја продолжуваат трката за шампионската титула во Англија. Во моментот имаат еден бод предност пред Ливерпул на четири кола пред крајот, а в недела на домашен терен го пречекуваат Њукасл.

Scroll to Top