Top Sport

Клоп: Реал ги елиминира ПСЖ, Челси и Сити, заслужи финале во ЛШ

Ливерпул утревечер на „Енфилд Роуд“ го пречекува Тотенхем во трката за шампионската титула во Премиерлигата, а менаџерот Јирген Клоп доби прашање и за Реал Мадрид, ривалот во финалето на Лигата на шампионите.

„Некои можеа и да го исклучат телевизорот. Манчестер Сити беше речиси финалист, го делеа неколку минути од финале. Но, фудбалот е навистина непредвидлив. Реал Мадрид е врвен тим, тие ги елиминираа ПСЖ, Челси и Сити. Од таа гледна точка, сигурно заслужија да бидат дел од финалето. Но, дотогаш има доволно време и ние ќе се подготвиме. Сега сме фокусирани на Тотенхем и на трката за титулата во Англија“, изјави Јирген Клоп.

Ливерпул на четири кола до крајот има бод негатива во однос на лидерот Манчестер Сити.

Scroll to Top