Top Sport

Манчестер Сити ќе постави статуа на Серхио Агуеро пред „Етихад“

Манчестер Сити ќе му оддаде посебна почит на својот најдобар стрелец на сите времиња, Серхио Агуеро. „Граѓаните“ следниот месец ќе ја откријат неговата статуа на стадионот „Етихад“ по повод десетгодишнината од неговиот гол, со кој заврши 44-годишното чекање за шампионската титула.

Сити губеше од Квинс Парк Ренџерс со 1:2, но во судиското продолжение стигна до триумф од 3:2 во последното коло од сезоната 2011/12. Тимот постигна два гола во продолжението, а Серхио Агуеро беше стрелец на победничкиот гол.

Агуеро има 260 гола во 390 натпревари за десет години во Манчестер Сити, пет титули во Премиерлигата, една ФА Куп и шест Лига купови. Тој го напушти Сити на крајот на минатата сезона и како слободен агент замина во Барселона, но беше принуден да се откаже од фудбалот поради проблеми со срцето.

Статуата на Агуеро ќе биде откриена на 13 мај како дел од прославата по повод десетгодишнината од првата титула на Манчестер Сити во Премиерлигата.

Scroll to Top