Top Sport

Лампард пред отказ во Евертон

Фудбалерите на Евертон беа поразени на гостувањето кај Барнли (3:2) и сега се само на еден бод до бездната, испаѓање во Чемпионшип. Ваква судбина немаат доживеано од 1951 година, а навивачите на клубот бараат итна смена на Френк Лампард.

Евертон е во најтешката ситуација во поновата историја на клубот и навивачите се надеваат дека со промена на кормилото на тимот може да се надеваат на спас и опстанок во Премиерлигата.

Лампард на „Гудисон Парк“ пристигна на крајот на јануари, но во последните осум натпревари беше поразен дури шест пати, што го доведе „синиот“ дел на Ливерпул до работ на колапс.

Особено огорчен е сопственикот на клубот, Фархад Мошири, кој за шест години потроши дури 500 милиони фунти на засилувања во клубот.

До крајот на сезоната остануваат само девет натпревари и секој од нив ќе биде финале за Евертон. Првиот нареден е в сабота против Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top