Top Sport

Манчестер Сити купува уште еден аргентински талент

Англискиот шампион Манчестер Сити го договорил потписот на уште еден голем аргентински талент Максимо Пероне, тврдат медиумите на Островот.

20-годишниот дефанзивен играч за врска моментално е фудбалер на Велез Сарсфилд, но зделката меѓу клубовите и играчот од средниот ред е веќе завршена и многу брзо тој и официјално ќе стане играч на англискиот премиерлигаш.

Пероне ќе потпише договор со Манчестер Сити до летото 2028 година, кој ќе плати 8 милиони долари отштета.

Во сезоната 2022, талентот запиша вкупно 33 натпревари во сите натпреварувања за Велез Сарсфилд, на кои постигна три гола и забележа две асистенции.

Scroll to Top