Англискиот и европски првак Манчестер Сити е во преговори со Вест Хем за трансфер на играчот од средниот ред, Лукас Пакета.
„Чеканите“ се подготвени да го пуштат Бразилецот во Сити за сума од околу 100 милиони евра.
Сепак, „граѓаните“ не се подготвени да платат толкава сума за играчот од средниот ред и нивната намера е да преговараат за многу пониска цена. Тие се подготвени да платат околу 70 милиони евра.
Минатата сезона Пакета одигра 28 натпревари во Премиерлигата, постигна четири гола и три асистенции.