Top Sport

Манчестер Сити немаше проблем против Лидс

Шампионот Манчестер Сити лесно излезе на крај против Лидс Јунајтед совладувајќи го на гости со 1:3. Халанд и Грилиш не реализираа неколку зицери, а во последната минута од првиот дел Родри донесе водство за тимот на Пеп Гвардиола.

Во второто полувреме, Халанд проработе, постигна два гола, во 51. и во 64.минута и го реши победникот, а постави и нов рекорд. Норвежанецот убедливо најбрзо дојде до 20 гола во историјата на Премиерлигата.

Струијк постигна почесен гол за Лидс Јунајтед, но триумфот им припадна на „граѓаните“.

Scroll to Top